еМагазин
Image default
Локално

Растурена забава во Карпош, приведени осум лица

На 04.01.2021 во 03.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), Д.Д.(34), Ц.С.(32), Д.П.(33) и С.П.(30), поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од МВР.

„Осумте лица биле затекнати во подземна гаража на ул.„Анкарска“ во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата при прогласена кризна состојба за забрана за групирање на повеќе од четири лица, со цел спречување на ширење на коронавирус ковид-19.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик,“ се вели во соопштението.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец нападнат од две лица на булеварот „Гоце Делчев“

Редакција

14-годишна девојка и 17-годишно момче најмладите пациенти на Токсикологија за новогодишната ноќ

Редакција

Зачестени пожари во земјава: Гореа куќи и депонија

Редакција