еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со желби за брзо закрепнување на децата кои се лекуваат на Детската клиника

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска упати искрени желби за побрзо оздравување на децата кои се лекуваат на Детската клиника.

„Би сакала и годинава да можевме со дечињата кои се лекуваат на Детската клиника заеднички да споделиме убави желби. Но, разделени сме токму за да го заштитиме нивното и онака кревко здравје.

Со желби за брзо закрепнување, на најмалите и најмили им испратив подароци кои накратко ќе го разубават нивното болничко секојдневие.

Истовремено, им благодарам на сите здравствени работници на Клиниката за професионалноста и за посветеноста во грижата за пациентите. Деновиве скромни подароци добија и дечињата хоспитализирани во болницата во Козле, децата од СОС Детско село, од здруженијата Проект Среќа, Трисомија 21, ПРКОС и Доза Среќа.

На сите деца им посакувам добро здравје, многу насмевки на нивните лица и безгрижно детство,“ напиша таа на нејзиниот фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Ѓоргиевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми откако контактирал со Зекири

Редакција

Уставен суд останува без претседател

Редакција

Заев: За мене Кики и Фрики не постојат, нема да коментирам за некои псевдоними

Редакција