Во жарот на критиките од двете партии за тоа дека разгорил насилството во Капитолот на САД во средата, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави видео на Твитер во кое директно ги осуди сторителите на насилството и ја смируваше ситуацијата.
„Демонстрантите кои се инфилтрираа во Капитолот го извалкаа седиштето на американската демократија. Луѓето кои упаднаа во Капитолот на САД не ги претставуваат САД, прекршителите на законот ќе платат за тоа“, изјави Трамп.
Тој исто така рече дека ќе асистира во процесот на трансфер на власта на избраниот претседател Џо Бајден и, што е најважно, не ги повтори обвинувањата за изборна измама.
„Поминавме низ напнати избори и емоциите се големи. Но, сега темпераментот мора да олади и да биде обновено спокојство. Мојот фокус сега е да обезбедам непречен трансфер на власта. Овој момент повикува на лекување и примирување“, порача Трамп.
На почетокот на обраќањето тој истакна дека веднаш ја распоредил Националната гарда „за да ja обезбеди зградата и ги избрка натрапниците“.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 8, 2021
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петта жртва: Полицаец им подлегна на повредите по немирите во американскиот Конгрес
(ВИДЕО) Шокантни снимки од упадот во американскиот Конгрес
МИА/Фото/Видео: Вашингтон пост/Твитер/Доналд Трамп