еМагазин
Image default
Бизнис

Филипче: Работното време на рестораните може да се продолжи и до 23 часот, но само по 21 јануари

Логично е барањето на угостителите и ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, што и да важи како ослободување на мерките, нема да биде пред 21 јануари.

-Ова скратување на времето дополнително, иницијално кога беше донесено минатиот месец, рековме дека ќе биде до 21 јануари, кога практично и завршуваат прославите, верските празници, и тогаш веќе по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот.

Ние, ќе го разгледаме барањето дали би можело да се продолжи за уште два часа, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за гинекологија.

Дел од угостителите вчера излегоа со барање од понеделник да работат не до 21 туку до 23 часот. Ова следуваше по изјавата на министерот Филипче дека ако остане состојбата стабилна, ќе им се врати работното време до 21 часот.

Владините рестриктивни мерки, меѓу кои беше и скратувањето на работното време на угостителските објекти до 18 часот, стапија во сила на 18 декември 2020 година. Нивната цел беше да се спречи ширењето на Ковид-19 и зголемувањето на бројот заболени за новогодишните и божиќните празници. Мерките треба да престанат да важат на 21 јануари 2021.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби милионскиот тендер на општина Гостивар за набавка на масло за греење

Редакција

Нема кој да купи: Непродадени 5.340 нови станови, а се градат уште 11.322

Редакција

Се штеди и во време на пандемија: Народната банка регистрира пораст на депозитите во декември

Редакција