еМагазин
Image default
Македонија

Ако не се повлече Предлог-законот за попис, ВМРО-ДПМНЕ ќе собира граѓански потписи за да го поништи

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш од собраниска дебата да биде повлечен Предлог-законот за попис и владејачкото мнозинство да организира внатрепартиска и внатредржавна дебата со сите општествени фактори со цел да се најде консензуално решение како да се спроведе оваа статистичка операција.

Доколку тоа не се случи, како што изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, партијата ќе поднесе иницијатива до Министерството за правда за собирање на потписи за предлог-закон, со кој ќе се поништи законот за попис.

На прес-конференцијата во седиштето на партијата, Мицкоски рече дека владејачкото мнозинство планира овој закон да го донесе „по насилен пат“ и оти „се злоупотребува европското знаменце“.

– Доколку и покрај ова, владејачкото мнозинство одлучи да го игнорира и овој предлог-закон и волјата на граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ јасно кажува дека резултатите од овој попис нема намера да ги признае и идните раководители на институции кои ќе бидат избрани како предлог на ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да ги почитуваат резултатите.

Затоа апелираме на разум, државнотворност и консензус пред што било да се дрзнат да направат од владеачкото мнозинство, рече Мицкоски.

Тој додаде дека на земјава и е потребен попис кој ќе даде одговор на статистичките дилеми, а не попис кој ќе биде политички. Мицкоски рече дека има многу аргументи кои пратениците од опозицијата ќе ги предочат во текот на собраниската дебата.

Според него, небулоза е дека со терминалите за отчитување на отпечаток со прст дополнително ќе се потрошат пари, бидејќи согласно измените во Изборниот законик предвидено е на следните локални избори граѓаните своето гласачко право да го изразат со користењето на вакви терминали.

– Истите тие терминали можат да бидат искористени и за оваа статистичка операција, рече Мицкоски.

Тој посочи дека многу поразвиени земји го имаат одложено планираниот попис, наведувајќи ги меѓу другите како пример Германија, Ирска, Романија, Србија и Бугарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот Пендаровски во Собранието: Несериозно е свечено да потпишуваме дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Редакција

Двајца од обвинетите немале адвокати, повторно одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција

Заев и Меркел се слушнале телефонски за престојниот референдум за името

Редакција