еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За Водици нема да се скока по крстот во Охридското Езеро поради Ковид-19

Епидемијата на коронавирусот и мерките за спречување на ширењето на заразата резултираше Дебарско – кичевската епархија и Општина Охрид да ги откажат манифестациите што се одржуваа за одбележување на празникот Богојавление – Водици.

Манифестацијата на осветување на водите на Охридското Езеро и фрлањето на Чесниот крст возобновена после осамостојувањето на земјата, за прв пат нема да се одржува оваа година. Тоа значи дека нема да има ниту литии од црквите кон пристаништето, ниту богослужба на отворено, како ни масовното скокање по крстот на Градското пристаниште.

Според информациите од Дебарско-кичевската епархија, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан духовно во црквите со утрински богослужби и осветување вода. Потоа свештеник од Варош таа света вода ќе ја истури во Езерото, со што тоа симболично ќе биде осветено.

Водици и Богојавленските празници, пред се скокањето по крстот и Денот на рибарите во Охрид беа најмасовно посетена верска манифестација во земјата, на која одредени години присуствувале повеќе десетици илјади верници, како од градот, од околните места, но и од странство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сиријците се борат за Русите во Украина за 5.000 фунти плата

Редакција

15 починати лица од Ковид-19, најмладиот на 41-годишна возраст

Редакција

Ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, велат од украинското МНР

Редакција