Собранието денеска треба да ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.
Меѓу предлог-законите на дневен ред на оваа седница се и оние за изменување на законите за еднакви можности на жените и мажите, за заштита од вознемирување на работно место и за употреба на знаковниот јазик, како и на законите за практиканство и за волонтерството, сите по скратена постапка.
На дневниот ред на оваа седница се и повеќе законски измени од сферата на јавното здравство, трговијата, финансиите, културата и науката, како и предлозите на законите за изменување на Законот за заштита од бучава во животната средина и на Законот за животната средина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на вицепремиерот Димитров
Димитров: Најавата за моја интерпелација е очаен обид за создавање раскол во Владата
Мицкоски: Прв чекор за рушење на власта е интерпелација на Никола Димитров, па на Османи
Фото: Влада