еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Калифорнија бара повлекување на вакцината против Ковид-19 на Модерна

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна“ против коронавирусот од пазарот поради, како што наведуваат, големиот број несакани ефекти.

Според образложението со кое се бара повлекување, вакцините на „Модерна“ од серијата „041L20A“ предизвикуваат „повеќе несакани ефекти од вообичаеното“ и затоа треба да се отстранат од употреба додека не завршат сите тестови.

– Серија од вкупно 330.000 дози беа дадени на 287 добавувачи низ Калифорнија и ова е првпат да се забележи алергиска реакција, вели Ерика С. Пан – државен епидемиолог во Калифорнија.

„Модерна“, центрите за контрола и превенција на болести и Американската администрација за храна и лекови на САД во моментов тестираат серија вакцини откако десетина луѓе претрпеа „можна сериозна алергиска реакција“.

Калифорнија е најтешко погодена американска држава со околу три милиони заразени, од кои еден милион во Лос Анџелес и повеќе од 33.000 смртни случаи од Ковид-19, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски му го врачи мандатот на Заев за состав на нова Влада

Редакција

Ескобар од Скопје: САД со европските партнери работи за брза евроинтеграција на Македонија

Редакција

Денеска посебен сообраќаен режим и затворени улици поради улична трка

Редакција