еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Кина претстави прототип на супербрз воз, кој достигнува 620 километри на час

Прототип на супербрз воз, наречен „супер куршум маглев“, кој достигнува максимална брзина од 620 километри на час, е произведен во Ченгду, главниот град на кинеската провинција Сечуан, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Тоа е прв воз од ваков вид кој ја користи високотемпературната суперспроводливост на маглев технологијата (магнетна левитација – нема контакт меѓу возот и шините, така што нема сила на триење), а целосно е проектиран и произведен во Кина.

Изработен е од лесни јаглеродни влакна, со предница во форма на куршум и технологија на високотемпературна суперспроводливост, а прототипот на овој воз е креиран да развива максимална брзина од 620 километри на час и веројатно е најбрзото копнено возило во светот, наведува Синхуа.

Професорот Хе Чуан изјави пред новинарите на презентацијата дека возот би можел да стане оперативен во следните три до десет години.

Фото/видео: South China Morning Post

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По две недели, почина пациентот кај кого беше извршена четвртата трансплантација на срце во Македонија

Редакција

На 86-годишна возраст почина Силвио Берлускони

Редакција

Поскапувањата на цените на струјата, бензинот и храната, најголем проблем и за Грците

Редакција