еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србите најмногу сакаат да се вакцинираат со „Спутник V“: Србија утре почнува со масовна вакцинација

Во Србија досега за вакцинација се имаат пријавено 324.728 граѓани, од кои 40 отсто се изјасниле дека сакаат да ја примат руската вакцина „Спутник V“, додека вакцината на компанијата „Фајзер“ сакаат да ја примат 28 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

– Повеќето граѓани кои аплицираа за вакцинација ја сакаат руската вакцина „Спутник V“ – 40 отсот од нив, 28 отсто ја сакаат вакцината на „Фајзер“, а 32 отсто изјавиле дека им е сеедно која вакцина ќе ја примат.

Тие најверојатно ќе ја добијат кинеската вакцина „Синофарм“, чие одобрување во Агенцијата за лекови и медицински помагала се очекува секој час, а дистрибуцијата до здравствените домови и пунктовите за вакцинација ќе почне уште денеска, за утре да почне масовната вакцинација – изјави за Курир државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек.

Тој наведе дека 30 отсто од пријавените се на возраст меѓу 65 и 75 години, а 15 проценти од нив имаат над 75 години.

Масовната вакцинација на населението почнува утре, кога на Белградскиот саем ќе бидат отворени 17 пунктови.

– Утре до 15-16 часот на Белградскиот саем планираме да вакцинираме меѓу 800 и 1.000 лица. Тука ќе бидат и дел од Армијата, бидејќи утре почнува вакцинирањето на уште четири приоритетни групи – просветните работници, медиумските работници, вработените во Министерството за внатрешни работи и на Војската на Србија, изјави Ѓерлек.

До крајот на денот се очекува да пристигнат нови 9.870 дози од вакцината на „Фајзер“. Иако беа најавени 19.500 дози, Ѓерлек истакна дека „Фајзер“ не може да ги произведе сите потребни количества и дека за сите оваа недела ја намалил испораката за 50 отсто.

Тој очекува дека утре или задутре, како што е најавено, ќе пристигнат и 250.000 дози на „Спутник V“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, Јовески може повторно да ги активира

Редакција

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Драги Рашковски повеќе не е генерален секретар на Владата, се уште не се знае кој ќе го замени

Редакција