еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Лицитации со бројот на Албанците: Пописот уште не спроведен, а веќе спорен

Иако Македонија се уште е далеку од спороведување на пописот, (се уште не е донесен ни законот за истиот, се очекува негово изгласување денеска), политичарите јавно почнаа да лицитираат со едно од најчуствителните прашања – бројот на етничките Албанци во земјава, кој се спори уште од последниот попис во 2002 година.

Политичарите постојано потенцираат дека пописот треба да биде само статистичка, а не политичка операција, но на терен сликата е сосема друга.

Па така пратеникот на владејачката ДУИ, Арбр Адеми изјави дека доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20 отсто, тогаш тој немало да ги признае резултатите.

Неговата изјава предизвика лавина од реакции, па од неговата партија посочија дека тоа било негов личен став.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот на ДУИ, Адеми нема да ги прифати резултатите од пописот, ако Албанците биле под 20%

Неговиот колега, пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Халил Снопче, пак смета дека бројот на Албанците во Македонија е над 29 отсто.

Со бројот на Албанците лицитираше и лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук напиша дека тоа е веќе договорена работа помеѓу СДСМ и ДУИ уште при формирањето на коалицијата и дека: “најголемото малцинство ќе биде 28,5% (иако во реалноста резиденти се околу 18%)“.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак во неколку наврати, поради неприфаќање на нивните барања за законското решение, посочија дека нема да ги признаат резултатите од пописот и дека се сомневаат во политички договор за истиот.

Од таму најавија и дека ќе собираат граѓански потписи за да се поништи законот за попис.

Премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак е убеден дека ќе имаме статистичка операција која на крајот ќе ги покаже податоците што ќе биле релевантни и стопроцентно точни.

Случајот „Попис“, која пред неколку години го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а во кој се водеше истрага против поранешниот премиер Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, покажа како изгледа кога политичарите ќе замешат прсти во статистичка операција.

За доброто на Македонија и нејзините граѓани, да се надеваме дека нема да имаме реприза на неспроведениот попис од 2011 година, од политички причини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мало намалување на бројот на пациенти со корона вирусот во болниците

Редакција

Од денеска започнува пролетта

Редакција

Бугарска фирма без закупен капацитет за пренос учествувала на повикот за набавка на гас

Редакција