еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски се сретна со хрватскиот премиер Пленковиќ, побарал поддршка за одблокирање на евроинтеграциите

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски во Загреб оствари средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, информираат од партијата.

На средбата Мицкоски побарал од Хрватска да го поддржи одблокирањето на европските интеграции на државата, посочувајќи дека покрај ветото од источниот сосед граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната влада на чело со Зоран Заев, која не може да испорача резултати.

“Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда.

Сето ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите, истакна Мицкоски кој додаде дека граѓаните заслужуваат стабилност и големи чекори напред“, велат од партијата.

Мицкоски се заблагодарил на Пленковиќ за поддршката најавувајќи дека Македонија е подготвена за промени, за борба за обезбедување на иднината, и за рестартирање на општеството.

“Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со ова ја заокружува дипломатската регионална посета каде за четири дена се виде и оствари значајни средби со тројца премиери: премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, премиерот на Словенија, Јанез Јанша, и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан“, посочуваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски се сретна со словенечкиот премиер Јанша, побарал подршка за евроинтеграциите

(Фото) Мицкоски во Будимпешта од Орбан побарал помош за блокираните евроинтеграции

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мицкоски се запозна со Бајден и разговараше со премиерката на Италија

Редакција

Уште еден тинејџер уапсен за планирање на терористичкиот напад во Виена

Редакција

Повторно се одложи судењето за „Плацеви на Водно”, оти мајка му на Камчев дојде без адвокат

Редакција