еМагазин
Image default
Бизнис

Српски медиуми: Врање и „Лидл“ под „опасада“ на Македонците

Врање, кој е оддалечен околу шеесет километри од Куманово и помалку од стотина од Скопје, вчера, во текот на денот, до затворањето на кафулињата и рестораните во 20 часот, беше под вистинска „опсада“ на комшиите од соседната земја, пишува српски Данас.рс.

Македонците во Врање пристигнале преку туристички агенции кои нудат автобуски превоз од Куманово до Врање и назад по цена од 350 денари.

Данас пишува дека аражманот не нуди никаква организирана туристичка посета, но повеќето од околу триста Македонци го искористиле патувањето во Врање за да ги посетат рестораните, кафулињата, пазарот и бутиците во градот, а „епицентарот“ на патувањето бил неодамна отворениот хипермаркет на компанијата „Лидл“, каде за време на целиот ден имало огромна гужва.

Фото: Лидл Србија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Прв сет економски мерки на Владата за ублажување на последиците од коронавирусот

Редакција

Неограничени патувања цела година: „Виз ер“ лансира „All you can fly“ членство

Редакција

Ќе остане ли ССМ без зградата, Врховен одлучил дека сопственик е државата

Редакција