еМагазин
ЖИВОТ

Студија на Универзитетот Оксфорд: Антибиотиците „азитромицин“ и „доксициклин“ не се ефикасни во лекувањето на Ковид-19

Студија спроведена во Велика Британија покажа дека антибиотиците „азитромицин“ и „доксициклин“ генерално не се ефикасни терапии за раните фази на Ковид-19 со цел да се спречи хоспитализација на пациенти или понатамошни интервенции, објави Универзитетот во Оксфорд.

Студијата покажа дека азитромицин и доксициклин не се корисни за пациенти со Ковид-19 кои се постари од 50 години и кои се лекувале дома со еден од овие два антибиотици, според веб-страницата на Универзитетот во Оксфорд.

На страницата е објавено дека повеќе детали во врска со испитувањето ќе бидат објавени наскоро во научно списание.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре пообилни врнежи од дожд и снег на планините

Редакција

Прогласена епидемија на заразна жолтица во училиште во Ново Село

Редакција

ARISTON топлински пумпи: Идеален избор за греење, ладење и топла вода во домот

Редакција