еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти, а вкупно се лекуваaт 262

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 16 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежи 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 8 пациенти,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 140 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието Предлог-резолуцијата за македонските црвени линии

Редакција

Вечерва средба на Ковачевски со коалициските партнери за влезот на Алијанса за Албанците во Владата

Редакција