еМагазин
Свет

Норвешка ги затвора границите

Властите во Норвешка од петок ќе ги затворат границите за сите патници чие пристигнување не е неопходно, изјави денеска премиерката Ерна Солберг.

Таа на прес-конференција рече дека границите ќе бидат затворени за сите кои не живеат во Норвешка.

Солберг прецизираше дека ќе има исклучоци, како што се медицински работници од одредени земји, но додаде дека повеќето работници мигранти нема да можат да влезат во државата.

Норвешка, која не е членка на ЕУ, во саботата воведе блокада во регионот околу главниот град Осло, откако се појави епидемија на британската мутација на Ковид-19.

МИА/Фото: Michael Saidov on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина ја обвини Србија за воено профитерство

Редакција

Папата прв пат отворено се заложи за геј бракови

Редакција

Борис Џонсон во стабилна состојба по два дена на интензивна нега

Редакција