еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Историски најлошо рангирана: Македонија на 111. место според Индексот за перцепција на корупцијата

Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година објавен денес од Транспаренси Интернешнл открива дека корупцијата допринесува за уназадување на демократијата и влошување на состојбата со здравствените системи поради пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Државите кои се рангирани добро според индексот, инвестираат повеќе во здравството, се поспособни да обезбедат универзално здравствено осигурување и е помалку веројатно да ги повредат демократските норми и институции или владеењето на правото, велат од Транспаренси Интернешнл Македонија.

“Оваа година ИПК 2020 го бележи најнискиот резултат и најниското рангирање на Р.С. Македонија на Индекстот за перцепција на корупцијата од 2001 година кога првпат бевме рангирани.

Оваа година, со непроменет број на поени од минатата 2019 година (35) Р.С. Македонија се наоѓа на 111 место од вкупно рангирани 180 држави“, информираа од Транспаренси Интернешнл Македонија.

Македонија е најлошо рангирана во регионот. Словенија е на 35 место, Грција (59), Хрватска (63), Црна Гора (67), Бугарија (69), Србија (94), Албанија и Косово (104), а Босна и Херцеговина, пак, е на исто место со земјава – 111.

Во Европа од Македонија полошо се рангирани само Украина, Молдавија и Русија.

Во светски рамки Нов Зеланд и Данска се држави со најмалку корупција, а зад нив следуваат Финска, Швајцарија, Сингапур и Шведска.

Како најкорумпирани земји во светот се перцепираат Сомалија и Јужен Судан, а на последните пет позиции се Сирија, Јемен и Венецуела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Не лажете со години“: Село во БиХ им забрани на политичарите да агитираат во него за престојните избори

Редакција

104 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Дебар ни одржа лекција за дисциплина на сите

Редакција