еМагазин
Image default
Македонија

Левица пред Уставен суд ја спори уставноста на Законот за попис

Од Левица информираат дека до Уставниот суд на Република Македонија поднеле Инцијатива-преставка за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за попис.

„По тој повод, претседателот Димитар Апасиев одржа прес-конференција каде ги презентира четирите основи по кои Левица го спори овој закон.

Прво, сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, како и членот 39 од Уставот, кој вели дека должност на секој граѓанин е да го чува и унапредува како сопственото, така и здравјето на другите.

Вториот основ по кој што го спориме овој закон е тоа што тој е спротивен на задолжителните норми на меѓунарното право и на стандардите на Еуростат. Имено, со цел да се шверцува во собраниска процедура му беше ставено европско знаменце, но сите пет ЕУ регулативи кои се наведени, во суштина се лажно фингирани.

Нема законски дефиниции, нема утврдена методологија, нема образец на прашалник, нема резидентно население.

Трето, сметаме дека е спротивно на неповредливоста на домот и ја повредува приватноста гарантирана во Европската конвенција за човекови права, со тоа што дава можност да се даваат лични податоци кои се законски заштитени за отсутен член на домаќинството.

Четвртиот основ по кој што го спориме овој закон е владеењето на правото. Имено, Законот за попис е во директна колизија со дури три специјални закони кои се однесуваат на Системот на кризен менаџмент, кој е веќе покренат.

Имено, до 30-ти јуни имаме прогласено кризна состојба и до овој датум не е возможно правно да се спроведе попис. Тие закони се: Законот за управување со кризи, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за заштита и спасување„, велат од Левица.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева празниците ги поминала дома со семејството

Редакција

40 интелектуалци од Европа и САД со писмо во „Гардијан“ бараат спроведување на Договорот со Грција

Редакција

Нови 240 случаи на Ковид-19, четворица починати, оздравени 446 лица

Редакција