еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судење за “Плацови на Водно“: Судот ги одби „бомбите“ на Груевски со Камчев

Адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски побара ама судот на денешното рочиште за „Плацови на Водно“, не му дозволи да ги презентира двете аудио снимки кои викендот се појавија во јавноста, а во кои Груевски разговара со бизнисменот Орце Камчев, пренесува телевизијата 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На You tube објавени „бомби“ во кои наводно разговараат Груевски и Камчев

Судечкиот судија Илија Трпков го прифати образложението на Обвинителството дека снимките се незаконски прибавени и дека со нив не се штити јавниот интерес, туку само личниот интерес на Груевски.

Адвокатот на Груевски се побуни и кажа дека разговорите се законски снимени.

„Овој предмет се базира токму на незаконски снимени разговори. Затоа треба и на одбраната да и се овозможи да ги изведе двете аудио снимки. Разговорот е сниман со приватен мобилен телефон, тоа е законски. Секој може да снима разговор на својот телефон без да има потреба да обезбеди дозвола“, изјави Петар Тимовски адвокатот на Груевски.

Ако е така, побара обвинителката Лиле Стефанова тогаш и Обвинителството има право да ги изведе телефонските разговори во кои Груевски се фали дека нашол „земјиште за џабалак“.

Адвокатите на Камчев кажаа дека во целост ја поддржуваат обвинителката Стефанова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на Обвинителството замрзнати трите луксузни стана во „Панорама“, кои наводно се чувале за Груевски

Груевски ја потврди автентичноста на „бомбите“ со Камчев: Снимките покажуваат дека немам врска со „Плацеви на Водно“

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борисов виде руско влијание во Македонија за случајот со Пендиков

Редакција

(Фото) Познат македонски бизнисмен ужива на Тајланд, место каде што се снимале голем број филмови

Редакција

Над 100 полициски службеници на ФРОНТЕКС ќе бидат распоредени на границата со Грција

Редакција