еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) „Воспитните мерки“ на Мика Алексиќ: Тој ги срамеше децата во емисија на телевизија пред очите на цела јавност

Професорот по глума Мика Алексиќ кој е осомничен за „силување“ и „недозволени сексуални дејствија“ и се наоѓа во притвор, во 1999 година учествувал во емисија за деца на „БК“ телевезија, насловена „Додека ангелите спијат“.

Откако изби скандалот со сексуалното злоставување врз негови ученички, на социјалните мрежи се врти видеото на јутјуб од емисијата, но и некои снимки на кои се слуша како тој ги навредува децата па дури и во емисија, која што се емитува на телевизија.

„Миа, зошто се занимаваш со лаги? Мрш на миење!“, „Како ти дебело човече ме загрижуваш“ „Глуп си“, се само некои од коментарите кои Алексиќ ги дава на децата.

Реакцијата на српските социјални мрежи од истакнати јавни личности е што преку оваа емисија се покажала ерозијата на општествените и моралните вредности во Србија. Навредите кон децата оделе јавно, а никој не реагирал. Притоа, школата по глума на Алексиќ, каде што според обвинението, се вршеле сексуалните дејствија, била една од најпрестижните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Мика Алексиќ прашува „дали човек кој нема простата може да изврши силување“, психолозите одговараат

Мика Алексиќ за прв пат прозборе за делата за кои се товари „силување“ и „недозволени сексуални дејствија“

Мика Алексиќ заврши во притвор, обвинет е за „силување“ и „недозволени сексуални дејства“, истрагата продолжува

Мика Алексиќ ги негира кривичните дела „силување“ и „недозволени сексуални дејства“ за кои се товари

Фото:ТВ Лица/РТС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И НАТО не може да не спаси од лажни дојави за бомби

Редакција

Која е Ирена Јовева, првата европратеничка со македонско потекло

Редакција

Изнудувале пари од бизнисмен: Уапсен разузнавач во Агенцијта за национална безбедност и амнестирано лице за настаните од 27 април

Редакција