еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кунгуловски: Смртноста од британскиот сој на Ковид-19 е за 35 проценти повисока, пандемијата е далеку од завршена

Доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ на својот Фејсбук-профил објави најнови информации поврзани за британскиот сој на Ковид-19.

„Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно ако требало да се заразат 1.000 луѓе, ќе се заразат 1.500-1.700. Значајно.

Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со не-британски соеви. Значајно.

Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1.000, ќе се заразат 1.500 и наместо да починат 10, ќе починат 20. Значајно.

Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој. Значајно.

Пандемијата е далеку од завршена. Едиствениот спас е глобалната вакцинација, што побрзо толку подобро. Дотогаш, следете мерки, носете маски, не престојувајте во непроветрени простории, не престојувајте во затворени простории подолго време, бидете разумни, не мислете само на себе, туку мислете и на останатите околу вас.

Паниката не користи никому, додека пак разумна претпазливост и мониторинг користат секому,“ напиша тој на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Кунгуловски: Британскиот сој на коронавирусот веројатно ќе стане доминантен во Македонија

Британскиот сој на Ковид-19 бил присутен во Македонија уште во декември

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законот за амнестија е доставен до Собранието, ќе се носи по скратена постапка

Редакција

(Видео) Русија по речиси 50 години се враќа на Месечината

Редакција

Агенцијата за управување со одземен имот вработува четири лица, плата до 38.165 денари

Редакција