еМагазин
Image default
Бизнис

Нема промени на цената на дизелот и бензинот

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси информира дека малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,13 отсто.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и малопродажната цена на дизелот, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25 јануари.

Со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 61 денари за литар, малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 63 денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот изнесува 52 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе изнесува 41 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба во УЈП: Се продаваат 300 парчиња биде, ниви, автомобили, вино, цистерни…

Редакција

Затворени пет угостителски објекти и забранети за употреба 60 кафемати на бензински пумпи

Редакција

Емил Бухов нов член на Управниот одбор на Силк роуд банка

Редакција