На 01.02.2021 во Скопје, Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(36) од Скопје, затоа што околу 20.20 часот извршил разбојништво во аптека на бул.„Видое Смилевски Бато“, при што со закана од вработената одзел сеф со пари, информира МВР.
„Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и Е.А. бил приведен во Полициската станица Аеродром заедно со одземените предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.