еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што треба да знаете за вакцината на АстраЗенека, која прва ќе пристигне во Македонија преку КОВАКС системот

Првата вакцина против Ковид-19 која преку КОВАКС системот ќе пристигне во Македонија ќе биде на компанијата АстраЗенека.

Како што информираа од Министерството за здравство првите дози од оваа вакцина ќе пристигнат во март.

„Од КОВАКС информираат дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината“, информираше Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првите вакцини преку КОВАКС во Македонија ќе пристигнат во март

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА ЛИЦА НАД 65 ГОДИНИ

Вакцината против Ковид-19 на британско-шведската компанија АстраЗенека е направена во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Истата е одобрена за користење во Европската Унија (ЕУ) од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА).

ЕМА препорача дека оваа вакцината против Ковид-19 може да се употребува на територија на ЕУ за лица над 18 години, но наведе дека се уште нема доволно податоци за ефикасноста на вакцината за лица над 55 година.

Па поради недоволни податоци за нејзината ефикасност кај лица над 65 години, истата засега, во неколку земји на ЕУ, меѓу кои се и Франција, Полска, Австрија, Италија, Германија… не се препорачува да се користи кај лица над таа возраст.

Германските весници „Билд“ и „Ханделсблат“ неодамна објавија дека ефикасноста на вакцината на АстраЗенека има ефикасност од само осум до 10 проценти кај луѓето постари од 65 години, а информацијата беше демантирана од фармацевтската компанија.

КОЛКУ Е ЕФИКАСНА

Клучното прашање за сите вакцини против Ковид-19, кои досега се појавија на пазарот е нивната ефикасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново истражување: Една доза од вакцината АстраЗенека обезбедува заштита до 12 недели

Оваа вакцина се прима во две дози.

Според тоа што досега го соопштија од компанијата една доза на оваа вакцина обезбедува заштита од коронавирусот најмалку три месеци и го намалува неговото ширење за 2/3.

Анализата на новите податоци од три студии открива дека првата доза на вакцината обезбедува просечно 76 отсто заштита од симптоматски инфекции во период од три недели до 90 дена, а исто така го намалува ширењето на коронавирусот за 67 отсто.

Со 12 или повеќе недели до втората доза, ефективноста се искачува на 82,4 проценти.

Кога втората доза е примена помалку од шест недели по првата доза, ефективноста е 54,9 проценти.

ЕФИКАСНА ПРОТИВ НОВИОТ ВИД НА КОВИД-19

АстраЗенека неодамна соопшти дека нејзината вакцина против Ковид-19 би требало да биде ефикасна и против новиот вид на коронавирус, откриен во Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„АстраЗенека“: Вакцини против новите видови коронавирусот до есен

Од компанијата тврдат дека се во тек анализи, за да може целосно да се испита влијанието на мутацијата.

„Потенцијалната вакцина на АстраЗенека содржи генетски материјал на протеинот на вирусот, а промените во генетскиот код, кои се забележуваат во новиот вид, веројатно не ја менуваат неговата структура“, изјавија од компанијата.

КАКО ДЕЈСТВУВА

Оваа вакцина дејствува преку генетски модифициран вирус на настинка, кој е изменет за да не предизвикува инфекција и на него е додаден генетскиот код од главниот белег на Ковид-19 – специфичните протеини со кои е обвиткан вирусот.

Човечкото тело ги препознава овие протеини како закана и произведува антитела со кои ги уништува.

Имунизацијата со оваа вакцина е поевтина, полесно се складира и може лесно да се дистрибуира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30-годишно момче во скопски Аеродром се самоубило скокајќи од 12 кат на зграда

Редакција

(Видео) Како беше спроведена во Идризово ексминистерката Гордана Јанкуловска

Редакција

Пожарот во „Треска“ локализиран, според градоначалничката Арсовска најверојатно бил подметнат

Редакција