еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Првите вакцини преку КОВАКС во Македонија ќе пристигнат во март

Министерството за здравство информира дека КОВАКС системот преку допис ги соопштил деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја.

„Станува збор за вакцината AstraZeneca, од која првата количина за Северна Македонија е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината“, соопшти Министерството.

Дополнително од КОВАКС информираат дека во првиот бран на достава на вакцината Pfizer BNT162b2 се вклучени само 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19. Од КОВАКС соопштиле дека во идните фази на дистрибуција дози на Pfizer вакцината може да бидат вклучени и другите учесници во механизмот.

Министерството за здравство, потенцира дека системот е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми, кои Република Северна Македонија треба да ги добие.

„За таа цел, вчера во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата.

Во однос на вакцинирањето, Република Северна Македонија има развиена безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата. За вакцините за кои што е потребно одржување на стандарден ладен ланец од 2°С до 8°С се користи постојниот логистички систем.

За вакцините кои имаат посебен температурен режим на прием, складирање и транспорт на температура пониска од -70°С или -20°С се надогради постојната мрежа со обезбедување на соодветни ладилници.  Системот за вакцинација е целосно подготвен“, соопшти Министерството.

Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против Ковид-19 ќе се спроведе во три фази.

Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се на првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција.

Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Криминалот не треба да се заборави“: Нов масовен протест во Атина за железничката несреќа

Редакција

Убава вест: 13 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 1.723

Редакција

(Галерија) Кои се најдобрите кафулиња во Скопје

Редакција