еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Пронајдена мумија со златен јазик од времето на Клеопатра

Во Египет на локацијата Тапосирис Магна е пронајдена мумија со златен јазик за која се проценува дека е стара околу 2000 години и дека потекнува од времето на владеењето на Клеопатра.

Археолозите претпоставуваат дека златниот јазик бил ставен во мумијата за време на балсамирањето, за таа да може да разговара со богот на подземниот свет, Озирис по нејзината смрт, објави египетското Министерство за туризам и антиквитет.

Мумијата е пронајдена од тим археолози предводен од Кетлин Мартинез од Доминиканската Република во една од 16 гробници на тој локалитет.

Претходно археолозите на истото место пронајдоа голем број монети со ликот на Клеопатра, последната владетелка на Египет.

Сите 16 гробници се стари околу 2.000 години.

Во една од нив е откриена женска мумија со посмртна маска, а пронајдени се и две мумии со остатоци од свитоци, кои во моментов се анализираат. На една од мумиите се најдени златни украси на Озирис.

Фото: Eгипетско министерство за туризам и антиквитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешени заменик министрите Асани, Абедини и Алиу

Редакција

Пратеници од СДСМ и Партијата на пензионерите не гласаа за дневниот ред за седницата за уставните измени

Редакција

Внатрешната контрола на МВР ќе го разгледува приведувањето на Фуркан Салиу

Редакција