еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерството за правда ќе бара екстрадиција на убиецот Игор Спасов од Бугарија

Министерството за правда во тек на наредните денови ќе ја комплетира потребната документација за поднесување барање за екстрадиција на Игор Спасов, осудениот поранешен припадник на специјалните едници на МВР за убиство на Мартин Нешковски, кој вчера беше уапсен во Бугарија.

„Ако лицето е во притвор државата има рок од 40 дена за поднесување барање за екстрадација, но веруваме дека во следните денови ќе ги прибираме потребните документи и до бугарските власти ќе поднесеме барања за екстрадиција на лицето Игор Спасов“, велат од Министерството за правда.

Според извештајите на бугарските медиуми Спасов бил уапсен вчера околу 15 часот во населбата „Младост“ во Софија.

Случајот „Нешковски” датира од 2011 година, кога на градскиот плоштад во Скопје, во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата на предвремените парламентарни избори осудениот Спасов, како дел на обезбедувањето, младиот Мартин Нешковски го претепа до смрт.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Детали за апсењето на убиецот Игор Спасов: Екс-полицаецот живеел во Софија, откриен преку дојава

Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски уапсен во Софија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црвенковски: ЕУ нема јасен план што со себе, нема простор за надеж за забрзана евроинтеграција

Редакција

МВР со детали за случајот со самоповредени ученици во Битола

Редакција

Казни за 874 лица за неносење маски во изминатото деноноќие

Редакција