еМагазин
Image default
CHECK IN

(Фото) Кафе-книжарница „Буква“ – нова приказна под старите брези во Скопје

Кафе-книжарницата „Буква“ конечно е подготвена за испишување нови, убави приказни во градот, напишаа од новиот локал на нивниот Фејсбук-профил.

„Местово ќе ве пречека со внимателно одбрани наслови, пијалаци и музика. А штом се запролети, тука е летната тераса за која имаме големи планови. Под старите брези ќе се одржуваат разни книжевни, ликовни и секакви културно-уметнички ѓурултии.

Но, повеќе за тоа кога дојде времето. За почеток, ве очекуваме на пијачка, да се запознаеме и да се бендисаме“,  напишаа од кафе-книжарницата.

„Буква“ се наоѓа на улица Луј Пастер (3А-1), зад Собрание, односно до кино „Култура“.

Фото: Фејсбук/Буква

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Што да посетите кога сте на Златибор: Водопадот Гостиље и музејот на отворено Старо село

Силвана Жежова

(Галерија) „Етно гостилница Воденица 3“- новогодишна бајка и разгледница

Редакција

(Фото) Бардовци доби крчма „Жуто Комбе“

Редакција