еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за апсењето на креаторот и администраторот на Јавна соба: Ќе одговараат за „производство и дистрибуција на детска порнографија”

Полицијата во текот на вчерашниот ден по наредба на јавен обвинител од слобода ги лиши М.П (21) и Д.К. (32) од Скопје поврзани со групата Јавна соба, а за кои постојат основи за сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија” по чл.193-а од Кривичниот законик.

– На 04.02.2021 од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал, по оформен предмет минатата година во ОЈО Скопје во врска со лица поврзани со групата „Јавна соба”, и издадени наредби во текот на вчерашниот ден од надлежен јавен обвинител, лишени се од слобода М.П.(21) од Скопје и Д.К.(32) од Скопје заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека М.П. и Д.К. како креатор и администратор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм ги сториле делата во периодот од 19.12.2019 до 28.01.2020.

-Во овој случај, МВР, како и до сега, постапи по барање на надлежен јавен обвинител и лицата се предадени на ОЈО за натамошна постапка, наведуваат во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени креаторот и администраторот на „Јавна соба“, Обвинителството бара притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски не се откажува, чека од ВМРО-ДПМНЕ предлог за министерското место на Мизрахи

Редакција

Возачот немал никаква реакција, а не работел ни АБС системот за кочење: Судење за несреќата кај Ласкарци

Редакција

(Фото) Мотоциклист од Македонија загина во сообраќајна несреќа помеѓу Подгорица и Цетиње

Редакција