еМагазин
Image default
Свет

Велика Британија воведува имунизациски пасоши за британските туристи

Велика Британија воведува пасоши за вакцинација и ги спасува летните одмори за Британците жедни за сонце, владата развива шема така што вакцинираните против Ковид-19 можат да одат на одмор, пишуваат медиумите на Островот.

Сите владини агенции велат дека работат на опции за патување во странство, односно за земји каде што може да биде побаран таков документ како услов за влез.

Британските туристи ќе бидат пречекани во Грција од мај, под услов да можат да покажат дека биле вакцинирани. Официјални лица од Министерството за надворешни работи, Министерството за транспорт и Министерството за здравство и социјална работа работат на проектот, наведуваат британските медиуми.

Владини службеници, му соопштиле на грчкото Министерство за туризам дека британската програма за вакцини е доволно напредна, така што летувалците „ќе ја спасат нивната доходовна летна сезона“.

Повеќе од 10 милиони луѓе во Велика Британија веќе ја примија својата прва вакцина против коронавирусот, како дел од најголемата програма за инокулација што ја започна земјата.

Се проценува дека на многу земји ќе им биде потребен пасош за вакцинација за да обезбедат безбедно патување.

На британските граѓани сега им е дозволено да летаат кон Грција, но со негативен тест за Ковид-19 не постар од 72 чaса пред пристигнување. При пристигнување се бара брз тест и ако имаат негативен тест се самоизолираат седум денови.

МИА/Фото: Photo by Jamie Street on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Холандските граничари им запленуваат сендвичи на Британците: „Добродојдовте во Брегзит“

Редакција

(ВИДЕО) Најмалку 40 загинати во напад во две џамии во Нов Зеланд

Редакција

Климатските промени ја зголемија температурата на водите во јужните делови на Нов Зеланд

Редакција