еМагазин
Image default
Локално

Осомничени четири лица од Прилеп за трговија со дрога: Продавале марихуана, кокаин, хероин и амфетамин

Основното јавно обвинителство од Прилеп почна истражна постапка против четири лица од Прилеп за кои постои основано сомневање дека набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин.

На сите четири лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

„Осомничените прилепчани, на возраст од 31 до 35 години, во временскиот период од септември 2020 година до февруари 2021 година, неовластено заради продажба набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин.

Тие откако ќе ја набавеле наркотичната дрога, во нивните домови ја подготвувале за натамошна продажба, препакувајќи ја во помали паковки.

По остварени меѓусебни телефонски разговори, прво и второоосомничените неовластено продавале наркотични дроги и воедно ги ангажирале трето и четвртоосомничениот да вршат продажба на наркотичните дроги во различни количини и по различна цена, давајќи им инструкции и насоки како да ја вршат продажбата“, соопшти денеска МВР.

Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со Решение на осомничените им определи мерка притвор со траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Разбиена нарко група во Прилеп: Одземени луксузни возила и пари од дилерите, вмешани и полицајци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Им се заканувала дека ќе ги запали во дом за бездомници

Редакција

Приведени 33 танчерки во пет објекти во Тетово и Гостивар

Редакција

И Општина Карпош крева глас против врсничкото насилство со едукативни работилници во основните училишта во организација на „Макпетрол“

Редакција