еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Разбиена нарко група во Прилеп: Одземени луксузни возила и пари од дилерите, вмешани и полицајци

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР – Прилеп, по насоки на јавен обвинител од ОЈО – Прилеп, изминатиот период, од септември 2020 година, спроведуваа криминалистичка истрага за повеќе лица инволвирани во недозволена продажба на хероин, кокаин, марихуана и амфетамин на подрачјето на Прилеп, соопшти МВР.

Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија.

„Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода 16 лица, а во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин ,мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5“, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв“, пари и мобилен телефон и Р.М. (34)“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје денеска ќе биде блокирано: Во 10 часот протест, во 16 часот марш

Редакција

Од Ковид-19 починале 3 лица, сите со коморбидитети

Редакција

ТАВ најавува: “Ер Балтик” влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија Скопје – Рига

Редакција