еМагазин
Image default
Бизнис

Министерството за здравство во понеделник ќе го потпише договорот за набавка на 200.000 вакцини за Ковид-19 од Кина

Во понеделник ќе се потпише договорот за набавка на 200.000 вакцини за Ковид-19 од Кина, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче посочи дека во текот на вчерашниот ден Владата на затворена седница го усвоила Договорот за набаква на вакцини од Кина и го задолжила Министерството за здравство.

„Ние ќе го потпишеме во понеделник, после што се надевам дека за најкраток можен временски рок тие ќе стигнат во земјава. Ние интензивно работиме и на обезбедување на соодветен начин на транспорт. Тоа значи дека станува збор за 200.000 вакцини, како што веќе најавивме“, рече Филипче.

Министерот истакна дека во текот на изминатите денови е адаптиран и националниот план за имунизација.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НБРМ апелира на внимателност: Непознати лица во име на Народната банка се обидуваат да извлечат корист од граѓаните

Редакција

МВР склучи договор со Контакт 2000 сервис вреден 575,6 илјади евра

Редакција

Владимир Ивановски на местото на Андреа Шаги во Одборот на директори на Македонски телеком

Редакција