еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина ги повика САД сега тие да дозволат СЗО да го испита потеклото на Ковид-19 на нивна територија

Кина денеска ги повика САД да и овозможат на Светска здравствена организација (СЗО) „да го истражи потеклото на тамошното избивање на епидемијата со Ковид-19“.

Барањето на Пекинг уследи откако СЗО го заврши теренското истражување во кинескиот град Вухан.

– Сакаме американската страна како Кина да застапува отворен и транспарентен став и да ги повика експертите од СЗО во САД да спроведат истражување и контрола на потеклото на коронавирусот, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Тимот на СЗО на вчерашната прес-конференција во Вухан соопшти дека малку веројатно е Ковид-19 да потекнува од лабораторија и оти најверојатно трансмисијата на вирусот е од лилјаците на човекот.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки изјави дека американската влада не била вклучена во планирањето и спроведувањето на истрагата на СЗО и оти поради тоа сака да изврши независна ревизија на наодите и основните податоци на експертскиот тим.

Нејзината изјава предизвика негативни реакции во Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага на СЗО: Исклучително неверојатно е Ковид-19 да тргнал од лабораторија во Кина

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извештајот на ЕК за Македонија е реална и објективна слика за состојбите, оцени Мицкоски

Редакција

Вјолца Бериша на местото Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Редакција

Истражување: Луѓето заразени со варијантата омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да одат во болница од оние со делта

Редакција