еМагазин
Image default
Бизнис

Пад од 85 отсто: Само околу 6.000 странски туристи ја посетиле земјава во декември

Во декември минатата година државава ја посетиле 6.016 странски гости.

Според објавените податоци бројот на странски туристи во овој месец во однос на декември 2019 година бележи намалување од 85,2 отсто. За разлика од странските, кај домашните туристи е забележан раст од 20,7 отсто, а нивниот број во декември 2020 година изнесува 25.159.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2020 година изнесува 31.175, а бројот на ноќевањата изнесува 60 345.

Бројот на туристите во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е намален за 49,3 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 49,5 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е зголемен за 2 отсто, а на ноќевањата на странските туристи е намален за 81,6 отсто.

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60,5 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 18,3 отсто, а кај странските има намалување за 84,4 отсто.

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 48 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 14,2 отсто, а кај странските има намалување за 84 отсто.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчката авиокомпанија „Ејџијан Ерлајнс“ го повлекла барањето за летови од Атина до Скопје

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со „Жикол“ вреден 3,4 милиони евра

Редакција

„Пелистерка“ го номинира Стевчо Јолакоски за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција