еМагазин
Image default
Македонија

„Престава од криминалец потврден со судска пресуда„, вели Заев за наводната кандидатура на Боки-13 за претседател на СДСМ

Постапката за кандидатурите ќе почне набрзо. Правилата се јасни за да бидете претседател на СДСМ прво треба да бидете член на СДСМ, второ треба да имате барем пет години членство и тоа активно и на афирмирани позиции. Посакувам противкандидати на изборот заради тоа што првпат сите членови на СДСМ бираат претседател на својата партија, изјави денеска во Тетово премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

На новинарско прашање како ја коментира изјавата на Бојан Јовановски – Боки 13 дека ќе се кандидирал за претседател на СДСМ, го оцени како правење претстава од, како што рече,  криминалец потврден со судска пресуда.

-Јас одговорив. Еве пак ќе кажам, значи бандити и криминалци останува веројатно да прават шоу во делот на шоуто кое што и претходно го правеле.

Процесите, заради тоа што премиер го пријавил случајот и заради тоа што премиер по сите основи не се ни осудил да прифати барање да му се помогне на Боки 13, туку како и сите граѓани си одговара по основа на закон, по буквар како што се вика, како што и секој во државата треба да одговара.

Веројатно се случуваат веќе вакви шоу од страна на шоуменот Боки 13, односно криминалец потврден со судска пресуда во овој дел.

СДСМ има квалитетни кандидати. Секако, јас сум сегашен претседател на партијата, мојот мандат завршува оваа година, втор мандат имав чест да и служам на оваа голема партија две години.

Нашата постапка ќе почне многу набрзо во делот на кандидатурите и ќе зборуваме за се кој тоа ќе бидат кандидати во СДСМ. Правилата се јасни за да бидете претседател на СДСМ прво треба да бидете член на СДСМ, второ треба да имате барем пет години членство и тоа активно и на афирмирани позиции, рече Заев.

Според него, во партијата има плејада на такви наши сограѓани кои можат да се кандидираат.

-Верувам дека благодетот од придобивките, солидарноста, правичноста, од она што значи владеење на правото и еднаквоста во државата со политиките коишто ги проектираме, ги спроведуваме и ги ветуваме за периодот којшто престои пред нас ќе има доволно привлечност за многу луѓе да и членуваат на оваа партија, а преку тоа секако ќе имаат можност да се кандидираат и за претседател на СДСМ.

Јас сакам да имам противкандидати на изборот заради тоа што првпат сите членови на СДСМ бираат претседател на својата партија. Убаво е да имам противкандидат, тоа е демократски секако уште потврдено, но секако тоа е право на сите коишто сакат да се кандидираат, истакна Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски денеска во Минхен за првпат ќе се сретне со Мицотакис

Редакција

Зад Пендаровски застанаа над 60 пратеници, ќе се собираат и потписи од граѓаните

Редакција

И на бугарското МНР не му се допаднаа податоците од Пописот, изненадени се оти имало малку Бугари

Редакција