еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Фекалии се излевале во Охридското Езеро, утврди Државниот инспекторат за животна средина

По претставка на политичката партија Левица, државни инспектори за животна средина и природа, на ден 11.02.2021 година, извршија надзор врз функционалноста на колекторот што ги одведува отпадните води од населбите долж Охридското Езеро до станицата за пречистување во Враништа, информираат од Државен инспекторат за животна средина.

“Инспекторите извршија увид на делница на колекторот од препумпна станица Орце Николов до препумпна станица Подмолје, посетувајќи ги и препумпните станици лоцирани долж оваа делница кај месноста Далјан и спортското игралиште.

При увидот констатирано е дека четирите препумпни станици се функционални. Меѓутоа, поради дождовите, како и собирањето, односно одведувањето на фекалните и атмосферските отпадни води во заедничка, наместо одделна мрежа, кај инспектираните станици утврдено е прелевање на отпадните води во езерото.

Државниот инспекторат ќе достави известување до надлежен овластен инспектор за животна средина и до општините Охрид и Струга да преземат мерки за санација на секундарната канализација и издвојување на атмосферските и фекалните отпадни води.

Заштитата на Охридското Езеро е со највисок приоритет и затоа општините и Јавното претпријатие „Колекторски систем“ мора да добијат финансиски средства за целосна реконструкција и санација на канализацијата, колекторот и пречистителната станица.

Во меѓувреме овие надлежни институции ќе бидат задолжени од Инспекторатот да реализираат итни мерки што ќе придонесат да се намали излевањето на отпадните води во врнежливи периоди„, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Тоше, „Secret Place“

Редакција

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Редакција

Акционер доби „тежок“ судски спор против Стопанска банка Скопје за исплата на дивиденда

Редакција