еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Акционер доби „тежок“ судски спор против Стопанска банка Скопје за исплата на дивиденда

Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информира дека Основниот граѓански суд Скопје пресудил во корист на еден сопственик на приоритетни акции кој ја тужел банката барајќи поништување на одлуката за распределба на добивката на банката за 2018 година и одлуката за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на приоритетните акции на Банката за втората половина од 2018 година, донесени од Собранието на акционери на 29.05.2019 година.

„Стопанска банка АД – Скопје изразува целосно несогласување со наводите изнесени во првостепената пресуда, убедена е дека горенаведените одлуки на Собранието на акционери се во целосна согласност со Законот за трговски друштва, Законот за хартии од вредност, Законот за банки, Статутот на Банката, Одлуките за емисии на акции на банката и правата од приоритетните  акции согласно официјалната евиденција во Централниот депозитар на хартии од вредност, па во таа смисла ќе ја обжали пресудата во законски утврдениот рок.

Навремено поднесената жалба го одложува извршувањето на пресудата, што значи истата не е правосилна.

Стопанска Банка АД – Скопје ја информира јавноста дека судскиот спор не влијае на ниту еден начин врз редовното работење на банката“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акционери ја тужат Стопанска банка Скопје, бараат крај за „статусните игри“ и отштета

Акционерски превирања во Стопанска банка Скопје: Малцински акционери тврдат дека се оштетени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Синерџи медикал“ го доби тендерот на Клиниката за трауматологија за набавка на остеосинтетски материјал вреден 1,7 милиони евра

Редакција

Мира Шекутковска именувана за претседателка на Управниот одбор на „Сава пензиско друштво“

Редакција

„Тетекс“ со намалена добивка

Редакција