еМагазин
Image default
Локално

Приведен крадец кој извршил 22 тешки кражби за четири месеци

По преземени мерки и дејствија и претходно добиени оператвни сознанија, од страна на полициски службеници од СВР Штип на 18.01.2021 e лишен од слобода П.И.(25) од с.Црвулево, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на 22 кривични дела „тешка кражба“ од куќи и работни машини во с.Црвулево, општина Карбинци, информира МВР.

„Осомничениот П.И. во периодот од месец октомври 2020 до јануари 2021 на подрачјето на с.Црвулево, сам извршил 11 кривични дела „тешка кражба“, додека останатите 11 кривични дела ги изршил заедно со О.А.(27) од с.Аргулица, насилно влегувајќи во куќи од каде одземале најразлични предмети, работни машини и алати.

Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. Се работи на целосно комплетирање на кривично правните настани, по што против П.И. и О.А. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасени четири лица, меѓу кои и дете, кои залутале во клисурата на Пчиња

Редакција

Пожар во Јасен

Редакција

Несекојдневен случај: Две жени уценувале Гостиварец со компромитирачко видео

Редакција