Фотографиите на Тоши Трајчев направени во штипската населба Баби, за миг возрасните ги вратија во детството, кога играта надвор претставуваше вистинска радост.
На првиот снег се грабнуваа санките и се трчаше до најблискиот рид или удолница. На среќата и уживањето им немаше крај. Собирањето беше спонтано, без договори преку мобилни телефони.
Зацрвенети образи, смрзнати раце и нозе, мокри до гола кожа… Но никој не беше нежен за да не излезе, бидејќи му студи. Иако опремата, сигурно беше многу пооскудна отколку во денешно време.
Снегот кој викендов ја зафати Македонија, барем за миг покажа дека за среќа не треба многу. Локалните паркичња и маала беа исполнети со детски џагор, смеа, уживање.
А овие фотографии како да се ретро, и во секој од нас побудуваат некои убави чувства на безгрижност.
Фото: Тоши Трајчев