еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Лидија Неделкова, врховната судијка која ја разреши Судскиот совет

Судскиот совет на денешната седница донесе едногласна одлука да ја разреши од функцијата врховната судијка Лидија Неделкова.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев рече дека причините за нејзиното разрешување се „ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски, повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика“. 

Неделкова беше еден од тројцата кандидати за претседател на Врховен суд. Судскиот совет во петокот ја избра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судски совет ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова

Која е Неделкова

Неделкова е родена во февруари 1961 година во Скопје.

Во Скопје го завршила основното и средно образование во училиштето „Димитар Миладинов“ (тогашно „Браќа Рибар“) и гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1983 година.

Одлично го говори англискиот јазик.

Мајка е на еден син.

Професионална кариера

Својата професионална кариера ја започнала како стручен соработник во Основниот Суд Скопје 2, стои во нејзината биографија.

Во 1996 година, од страна на Собранието на Република Македонија е избрана за судија во Основниот Суд Скопје 2, каде судела предмети во кривична постапка.

Со основањето на Одделот за организиран криминал во рамки на Основниот Суд Скопје 1, Неделкова ја продолжува својата судиска кариера како кривичен судија.

Како кривичен судија во Одделот за организиран криминал при Основниот Суд Скопје 1, Неделкова ги водела судските процеси и донела пресуди по случаите: „Пепел“, „Бродец“, „Агим Красниќи“, „Јака Табак“, „Изгрев“…

Во јули 2009, од страна на Републичкиот судски совет е избрана за претседателка на Кривичниот суд Скопје 1, со кој раководела три години сè до март 2012 година, кога е избрана за судија во Врховниот суд на Македонија.

Во декември 2012, едногласно Судскиот совет ја избра за претседател на Врховниот суд на Македонија, со што стана првата жена претседател на Врховниот Суд во историјата на Македонија.

По објавувањето на „бомбите“ од страна на СДСМ во 2015 година, Неделкова стана актуелна во јавноста поради една од незаконски стекнатите снимки во кое се споменува судијка по име Лидија, на кои судијки и купувале накит Сваровски.

Неделоковска пак изјави дека таа е поголем љубител на бисери и дека не е таа судијката која се споменува во „бомбите“.

Фото: Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промет од милион евра со акциите на УНИ банка за осум месеци

Редакција

Рамбо Амадеус се огласи за обвинувањата за сексуално вознемирување

Редакција

Штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Имавме изборна кампања со низа прекршувања, а генерално мирен изборен ден

Редакција