еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Хуманиот Александар Ѓеорѓиевски обезбеди дом за мајка со три деца

Поранешниот пожарникар Александар Ѓеорѓиевски, кој на штипската и на македонската јавност и е познат по низата организирани хуманитарни акции, а последно за што медиумите пишуваа за него е учеството во спасувачката мисија на луѓето под урнатините по земјотресот во Хрватска денеска и официјално заврши уште една хумана мисија.

Тој во рок од 25 дена организираше акции за изградба на дом на 28-годишната Елена Манасиева и на нејзините три дечиња, на возраст од два месеци до четири години.

Од денеска тие влегуваат во нов дом, со нов мебел и сè што е потребно за нормално живеење во него.

Ѓеорѓиевски пред новинарите истакна дека за случајот дознал од објавениот статус на социјалните мрежи на Елена, која преку слики покажала во каква состојба живее таа и нејзините три деца во штипската населба Железничка.

– Дојдов на самото место и видов, веднаш организирав луѓе и акција, малите и средни фирми од Штип донираа за побрзо да се изгради домот, а имаше група на мајстори од Велес, кои доаѓаа секој ден да го градат домот на Елена и на нејзините деца.

Почнавме од покривот, од сите страни течеше, изградивме нов тоалет, сменивме прозорци, подот, внатре има нов мебел, нови електрични апарати. Сето ова го направиме во рок од 25 дена, вели Ѓеорѓиевски.

Тој вели дека досега има организирано неколку акции, а постојано му се јавуваат луѓе на коишто им треба помош. Смета дека со медиумска поддршка може да се поттикнат хуманите луѓе и фирми да донираат на оние семејства на коишто им е потребна помош.

28 годишната Елена Манасиева вели дека е благодарна на хуманиот Александар, но и на сите кои помогнале нејзините деца да имаат нормални услови за живот. Во моментов прима социјална помош и детски додаток, но 80 отсто од средствата како што вели и одат на плаќање на сметки за струја.

– Многу сум благодарна, моите деца веќе нема да се бањата во корито и по надвор, нема постојано да се разболуваат, оти веќе нема да ни тече вода од покривот. Претходно живеевме како да кажам во урнатина, шупа, а сега имаме дом, вели Манасиева.

Таа е среќна што денеска, заедно со своите три деца ќе влезат во новиот дом.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасено мече кое се заглавило на дрво во двор на викендица во Маврови Анови

Редакција

Креативноста на авторската мисла е пулсот на Саемот на книга

Редакција

Нови 20 стипендии од Групацијата Лимак за иницијативата Global Engineer Girls

Редакција