еМагазин
Image default
Бизнис

На барање на голем број компании Владата покренува автентично толкување на Законот за контрола на опојни дроги

На предлог на Министерството за здравство, Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата со предлог барање за автентично толкување на член 49, став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во Собранието.

Постапката, како што информира владиниот портпарол Душко Арсовски, Владата ја покренува заради барањето на голем број компании со лиценци за одгледување канабис за медицински цели за извоз на сушен цвет од канабис, како и заради усогласување на недореченоста во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции дали сушениот цвет може  да добие третман на препарат на супстанции  и растенија класифицирани во листите 2 и 3 кој што е подобен за извоз надвор од територијата на државата.

„Станува збор за предлог упатен од Министерството за здравство до Собранието за автентично толкување на член од Законот за контрола на опојни дроги. Тоа е постапка која се покренува на барање на голем број компании со лиценци за одгледување на канабис за медицински цели“, прецизира Арсовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Барањето, додаде, е поднесено, бидејќи е проценето дека има недореченост во Законот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санирани последиците од поплавата во Ист гејт мол

Редакција

Кои се топ 10 најуспешни жени менаџери во Македонија за 2018 година

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во септември

Редакција