На Балканско првенство за сениори/ки во сала кое се одржува во Истанбул, Турција на кое учество земаа 22 држави членки на Балканската атлетска федерација со преку 250 атлетичари, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски во трката на 3.000 метри го освои првото мести и златниот медал со резултат 8.03.95.
Покрај него на Балканското првенство учество зема и Јован Стојоски во трката на 400 метри со резултат 48.62 сек.
Воедно нашите најдобри сениори Дарио Ивановски во дисциплината 1.500 метри и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри, исполнија норми за учество на Европско првенство во сала кое ќе се одржи во Торун, Полска од 5 до 7 март 2021 година.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.