Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков е недостапен за органите за да му се врачи решение за куќен притвор.
Обвинителство ја донело таа мерка на претпазливост на барање на Кривичен суд за предметот „Таргет-Тврдина“.
ТВ 21 објави дека последен пат бил виден во барот Дистрикт во попладневните часови.
Мијалков е еден од 12-те обвинети за масовното прислушување, а обвинителката Ленче Ристоска во завршните зборови побара максимална казна, споредувајќи го предметот со налик на крими-роман.
Пресудата за „Таргет-Тврдина“ треба да биде донесена на 26 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за потрагата по Мијалков: Одамна реков, мафијата има своја држава
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.