еМагазин
Image default
Македонија

Кривичниот суд даде согласност за распишување меѓународна потерница за Сашо Мијалков

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР за Сашо Мијалков.

„Заради интерес на медиумите во однос меѓународната потерница за обвинетиот С.М., ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, предпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода“, се наведува во соопштението од судот.

Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето, како што стои во соопштението, има донесено решение за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот.

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на Обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд

Министерството за внатрешни работи соопшти дека распиша национална, а побара согласност и за меѓународна потерница за Мијалков.

„Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница“, информираа од МВР.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сашо Мијалков „во друштво“ на братучедот Груевски меѓу бегалците на сајтот на МВР

Заев разочаран: Нема политички договор со Мијалков, ако има пропусти за бегството ќе барам одговорност

Распишана национална, МВР ќе побара и меѓународна потерница за Мијалков

Мицкоски за потрагата по Мијалков: Одамна реков, мафијата има своја држава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 77 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Македонија прими уште 97 граѓани од Авганистан, активисти на НДИ

Редакција

Изјавата на Макрон за ЕУ со различни брзини, била погрешно презентирана, вели Османи

Редакција