еМагазин
Image default
Македонија

Русковска ја отфрла можноста дека информацијата за притворот на Мијалков протекла од Обвинителството

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во изјава за телевизија „Сител“ негираше дека информацијата за притворот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков протекла од кај нив.

„Не постои таква можност, затоа што првата информација која јас ја испратив до МВР ја пишував сама во кабинет во попладневните часови  во сабота и немаше никој на работа освен мене.

Вчера, во неделата, дојдоа само колегите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов веќе со изготвен предлог до судот за определување на мерка притвор така што освен нас тројца во неделата не знаеше никој. Апсолутно ја исклучувам можноста дека информацијата протекла од Обвинителството“, изјави Русковска.

Од вчера попладне, Мијалков е недостапен и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на Обвинителството го донел Кривичниот суд.

Министерството за внатрешни работи првично објави национална, а попладнево и меѓународна потерница за Мијалков. Во меѓувреме, во полициска станица на инфромативен разговор се повикуваат членови на семејството на Мијалков и неговото обезбедување.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Не сум ни помислил, а камоли да планирам да бегам, изјави Мијалков пред две години

Од „страв и трепет“ и еден од најбогатите во Македонија до бегалец на потерница: Кој е Сашо Мијалков

МВР: Членови на семејството и обезбедувањето на Мијалков повикани на информативен разговор

„Синко, да ми се јавиш кога ќе стигнеш кај Никола„: Твитер реакции за бегството на Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов за договорот од Преспа: Од нас зависи дали на идните генерации ќе им оставиме цензурирана и фалсификувана историја

Редакција

Сведок на судењето за „Таргет-Тврдина”: Во УБК во 2012 имаше четири уреди за следење на комуникации

Редакција

(ВИДЕО) Постарата ќерка првоосомничена за тројното убиство на семејството Поцеста во Дебар

Редакција