еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стејт департмент: Одблизу ја следиме ситуацијата со Сашо Мијалков

Свесни сме за овие извештаи и ја следиме ситуацијата одблизу, изјави кусо портпаролот на Стејт департментот за „Гласот на Америка“, по повод бегството на Сашо Мијалков.

Министерството за внатрешни работи денеска попладне распиша меѓународна потерница по поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кој од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на Обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Обинителството во завршните зборови за „Таргет-Тврдина“ побара максимална казна за Сашо Мијалков, а пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска ја отфрла можноста дека информацијата за притворот на Мијалков протекла од Обвинителството

(Фото) МВР распиша меѓународна потерница по Сашо Мијалков

(ВИДЕО) Не сум ни помислил, а камоли да планирам да бегам, изјави Мијалков пред две години

Од „страв и трепет“ и еден од најбогатите во Македонија до бегалец на потерница: Кој е Сашо Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Среќен сум што на едно големо натпреварување се опростувам од репрезентацијата,“ вели Пандев

Редакција

Ѓукановиќ: Северна Македонија ја научи лекцијата и треба да добие сатисфакција од меѓународната заедница

Редакција

(Видео) Жителите врескаат од балконите: Шокантни снимки од кинески Шангај кој е во карантин

Редакција