еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Приведени три лица од фабрика за канабис во кочанско, запленети над шест килограми дрога

Приведени се три лица, а запленети се и над шест килограми марихуана произведена во фабрика за канабис во село Уларци, кочанско, која неовластено била изнесена од фабриката за продажба на илегалниот пазар.

Како што соопшти МВР, во акцијата на полицијата биле лишени од слобода Д.Б.(41) од село Другово, Кичевско, Г.П.(31) од Скопје и А.А.(31) од Кочани сите вработени во фабриката за канабис поради основано сомнение за нивна инволвираност во неовластено производство и продажба на дрога.

-Во координирана акција во Кочани и во трговски центар во Скопје Д.Б. бил затекнат при продажба на шесте килограми дрога и бил лишен од слобода.

По претходно обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Кочани и претставници од Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерство за здравство, извршен е претрес во правниот субјект во с.Уларци, кочанско, при што се лишени од слобода и Г.П. и А.А., се наведува во соопштението на МВР.

Од полицијата појаснуваат дека во текот на истрагата  било утврдено дека Д.Б. заедно со Г.П. во периодот од ноември 2020 до февруари 2021 преземале низа дејствија со цел неовластено производство на марихуана во објектот, со намера неовластено ја продадат и да се стекнат со противправна имотна корист, додека А.А., вработен како обезбедување во објектот, помогнал во извршување на кривичното дело на начин што преземал дејствија спротивни на законските норми за обезбедување на објекти за производство на марихуана за медицински цели согласно Законот за контрола на опојни дроги.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Али Ахмети на 2 септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово

Редакција

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на 4. февруари цел ден ќе го чува гробот на Гоце Делчев

Редакција

Револт кон Министерството за култура: За роман 90.000 денари, за патни трошоци на Мири и Силвани 12.000 евра

Редакција