еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е позитивен на Ковид-19, соопшти тој на неговиот Фејсбук профил.

Првите симптоми ги почувствувал во неделата навечер, а веќе во понеделникот тестот покажал дека е позитивен.

„Од почетокот на кризата со коронавирусот сум максимално внимателен. Се грижев за сопственото, здравјето на моето семејство и на сите граѓани кои доаѓаа во мојот кабинет. Но, овој вирус е непредвидлив и не секогаш можеме да го избегнеме.

Ви порачувам да се грижите за себе и за најблиските и заедно да излеземе посилни од ова. Почитувајте ги мерките за заштита, носете маска, вршете дезинфекција и држете меѓусебно растојание, само така ќе се заштитите себеси, но и другите, напиша Христоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски позитивен на Ковид-19

Фото: Фејсбук/Христоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Редакција

Минатата недела едно починато лице од Ковид-19, регистрирани 172 нови случаи

Редакција

Од сепса почина новороденче од Прилеп, мајката ги обвини сестрите и докторите за негрижа

Редакција